Обвинителката Крстевска- Цалева: Постапувам во името на Јавното обвинителство

by Фокус

Јавната обвинителка Наташа Крстевска-Цалева која постапува по предмет поврзан со неовластеното прислушување го демантира вчерашниот напис објавен на сајтот на „Фокус“, поточно истакнува дека не постапува по предметот кој е наведен, а смета и дека нејзиното посочување со име и презиме е непотребно, бидејќи постапувала во името на Јавното обвинителство.

Ви го пренесуваме демантот во целост:

„Во врска со информацијата објавена на веб страната на весникот „Фокус“, на ден 03.09.2015 година, а која денеска е преземена на нсловната страна на весникот „Слободен печат“ за ден 04.09.2015 година, ја демантирам содржината дека сум обвинител кој постапува по наведениот предмет, со напомена дека како обвинител постапувам во името на Јавното обвинителство. Жалбата која ја имам воложено за друг предмет поврзан со неовластеното прислушување, е одраз на потребата да го проверам својот став до повисоката судиска истанца и нема ниедна причина да бидам јавно истакната и изложена, особено со податоци кои не се точни. Истоверемено, укажувам дека ваквите одлуки и поднесување на редовни правни лекови се секојдневни во обвинителската пракса и се дел од овластувањата и обврските што на обвинителот му припаѓаат“.

Наташа Крстевска Цалева

Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје

Поврзани новости