Воено возило прегази петмина демонстранти во Мјанмар

by fokus

Петмина демонстранти се убиени, а најмалку 15 се уапсени откако безбедносните сили на Мјанмар утрово во Јангон извршија рација врз противниците на воениот удар во земјата, јави локалниот информативен портал „Мјанмар сега“.

Очевидци од местото на настанот изјавија дека десетици луѓе се повредени. Фотографиите и видеата на социјалните мрежи покажуваат како возило удира во демонстранти и тела кои лежат на патот.

Антивоените протести продолжуваат и покрај убиството на повеќе од 1.300 луѓе од државниот удар на 1 февруари. Протестите често се организираат во помали групи кои изразуваат противење на соборувањето на избраната влада предводена од нобеловката Аунг Су Чи и враќањето на воената власт.

Опозициската влада во сенка соопшти дека е тажно да се види како се газат и убиваат мирни демонстранти.

Поврзани новости