Станков за Фокус: Бев лут и разочаран кога стасавме во Бугарија

На местото на настанот, немаше кого да прашаме за информации, вели директорот на Институтот за судска медицина.

by Фокус

Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во интервју за најновиот број на неделникот Фокус говори за трагичната несреќа во Бугарија, како и за искуствата со слични несреќи, проблемите со вештачењата и на други теми.

Разговараше: Гордана ДУВЊАК

ФОКУС: Колку сте задоволен од соработка со бугарските надлежни органи, особено со вашите колеги, со оглед на тоа што во еден момент се создаде нервоза и мораше да реагира и нашето МНР?

СТАНКОВ: Искрено да ви кажам прво бев многу налутен и разочаран. Уште кога стасавме на местото на настанот, немаше кого да прашаме за информации. За среќа, сретнавме еден колега од друг град, кој беше на испомош и го прашавме како одат работите. Ни рече дека мора да добиеме дозвола од нивното обвинителство. Разговаравме и со истражителите, кои, исто така, не можеа да нѐ упатат. Потоа бевме известени дека не смееме да присуствуваме на увидот без дозвола на бугарскиот обвинител.

ФОКУС: Колку е тоа вообичаено бидејќи сигурно постојат правила кога се во прашање меѓународни истраги?

СТАНКОВ: Тоа е голем преседан да не му се дозволи на колега да присуствува на обдукција. Ова прашање е регулирано со стандардите на Интерпол, бидејќи ние како експерти од домицилната држава, чии граѓани се загинати, сме должни да присуствуваме во процесот на идентификација, без разлика дали имаме или немаме дозвола од нивното обвинителство. Потоа, по наша иницијатива отидовме во нивниот Институт за судска медицина.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости