Се уште нема потврда дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во Русија, но ако е точно, за многумина нема да биде изненадување, пишува Sky News. Воениот аналитичар Шон Бел верува дека ова би можело да биде трик за да му се овозможи на шефот на Вагнер мирен живот во егзил.
-Очекувавме дека ќе бидат потребни три месеци за да се спушти прашината пред Путин да го реши проблемот, но тој всушност го стори тоа два месеци подоцна. Ова можеби беше измислена приказна за Пригожин тивко да избега и да живее некаде во егзил, под перика и со одреден степен на приватност, објасни тој.
-Јасно е дека направил грешка во расудувањето… и се чини дека неговите денови тогаш се одбројани, додаде тој. Аналитичарот на Sky News, Дијана Магнеј, нагласува дека сè за Евгениј Пригожин е крајно нејасно уште од неговото јавно појавување како водач на групата Вагнер.
-Уште од неговиот марш во Москва во јуни, имаше прашања за тоа дали тој воопшто може да преживее – откако во суштина се спротивстави на режимот. Мислам дека е многу погодно за Кремљ и за Русија да го прогласат за мртов. Претпоставувам дека многу луѓе се прашуваа , очекувано, дали ќе се случи тоа, продолжи таа.
-Но, ако Пригожин навистина загинал во несреќа, тогаш тоа секако им служи на целите на Кремљ. Тој не беше особено корисен затоа што во суштина го создаде најголемиот проблем во претседателствувањето на Владимир Путин што го паметам во неговите 23 години моќ, заклучи таа.