Терористите осудени за „Диво насеље“ нема да бидат екстрадирани на Косово, дециден е Спасовски

by fokus

Терористичка група која што е осудена за настаните во кумановската населба „Диво насеље“ мора да ја издржи својата казна и да носи одговорност, дециден е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за барањето на осудените за „Диво насеље“ да ја издржуваат казната во Косово.

-За мене воопшто не може да се разговара за каква било екстрадиција за луѓе коишто сакаа да ги нарушат мирот и стабилноста на државата, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.

Во рамките на одбележувањето во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча во чест на осумте припадници на единицата „Тигар“ кои загинаа на 8 и 9 мај 2015 година во антитерористичката акција во „Диво насеље“.

Поврзани новости