Воениот кабинет на Израел се состана по втор пат во 24 часа, во ек на зголемени гласини дека е неизбежна некаква одмазда. Но, се известува и дека владата е поделена околу тоа како и кога. Локалните медиуми соопштија дека владата сакала да му одговори на Иран за нападот без да предизвика сеопфатна војна. Велат дека и министрите сакаат да дејствуваат, но во координација со САД.
Американските власти веќе јасно ставија до знаење дека САД нема да учествуваат во каква било воена акција против Иран.
Иако поминаа само два дена од невидениот ирански напад, во Израел владее политички раздор. Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го обвини Нетанјаху дека претседава со „тоталната загуба на израелската стратегија за одвраќање“.
Нетанјаху подоцна покани некои опозициски лидери на безбедносен брифинг, но Лапид не беше вклучен.