781
Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, министри од грчката Влада, како и министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли, но и во присуство на публика, по пауза од две години, претладнево во Атина се одржа традиционалната воена парада по повод годишнината од востанието за независност на Грција.
Оваа година немаше никакви ограничувања за публиката, а единствено постоеше препорака граѓаните кои ќе ја следат парадата да носат маска.
Покрај оклопните возила, претседателската гарда, пешадија, заедно со останатите воени авиони на военото воздухопловство, на атинското небо прелетаа и француските авиони Рафал кои неодамна пристигнаа во Грција.