Воениот и безбедносен аналитичар Мајкл Кларк смета дека рускиот претседател Владимир Путин само се преправа дека не се грижи за вестите за влез на Финска во НАТО, а всушност „многу се грижи“.
Кларк истакнува дека една од причините за загриженоста на Путин е фактот што Русија ќе има 1.300 километри подолга граница со НАТО.
„Тоа значи дека барањата за одбрана на секој руски лидер сега се малку поинакви. Тоа му дава поголема граница за која треба да се грижи“, рече тој.
„Тој се преправа дека не е важно… Но, всушност, Русите не можат да направат ништо и немаат доволно војници да ја покријат оваа граница бидејќи ги испраќаат сите свои расположливи војници во Украина“, додаде тој.
Кларкс тврди дека потегот на Финска претставува „најголем развој во европската безбедност од ремилитаризацијата на Германија по 1955 година, кога таа се приклучи на НАТО како ремилитаризирана земја по Втората светска војна“.
„Ова е најголемото проширување на НАТО, најважното проширување од тогаш и претседателот Путин може да каже што сака за тоа. Факт е дека ова е голем дипломатски пораз за него, кој го произведе токму она што тој рече дека сака да го спречи со оваа војна“, истакна Кларк.
Тој рече дека влезот на Финска во НАТО има дополнително значење бидејќи Финска е „многу важна земја во воена смисла“.
„Има мала армија, но кога се мобилизира, има армија од над 200.000 војници, што е трипати поголема од британската армија. Значи, има голема копнена армија и е обучена, добро е опремена“, заклучи тој.