585
На денешното рочиште за случајот “Рекет” се повикани да сведочат неколку сведоци, откако вчера сведочеше обвинителот Бурим Рустеми.
Па така, во судница треба да се појави водителката Лила Стојановска, која важи за блиска пријателка на обвинетиот Бојан Јовановски, но и беше со него кога беше уапсен на пат кон Грција.
На рочиштето е предвидено да сведочи и шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска, како и Весна Костовска и Агапи Дика.