221
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Струга информираат дека според најновите анализи извршени на 20.02.2026 година, е утврдено подобрување на квалитетот на водата во однос на загаденоста и бојата.
Сепак, и покрај позитивните резултати, забраната за употреба на водата за пиење останува во сила до наредно известување. Водата може да се користи за други потреби, освен за директна консумација.
Надлежните апелираат до граѓаните да се придржуваат кон препораките и да не ја користат водата за пиење сè додека не биде издадено официјално соопштение дека таа е безбедна за употреба.