2
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет, покажуваат најновите анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во соопштението.
Од ЈП „Водовод и канализација“ посочуваат дека редовните контроли продолжуваат со цел постојано следење и гарантирање на квалитетот на водата што ја користат граѓаните.