1
Премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук вечерва напиша „присуствував на неформална вечера во организација на претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони“.
Премиерот порача дека „во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан“.
„Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион“ напиша Мицкоски.