(ВИДЕО) Турски навивачи извадија палестинско знаме – полицијата почна да тепа, фрлија солзавец, мечот Бешикташ – Хапоел е прекинат

by irena 20:00
20:00

Сериозен инцидент се случи во грузискиот град Батуми, пред и за време на натпреварот од Лига Европа помеѓу турски Бешикташ и израелскиот клуб Хапоел Бер Шева, откако полицијата интервенираше против турските навивачи поради истакнување на палестинското знаме на трибините.

Според информациите во локалните медиуми и на социјалните мрежи, првиот судир избувна непосредно пред почетокот на натпреварот, откако навивачите на Бешикташ го развиорија знамето на Палестина во делот од стадионот каде што беа сместени.

Грузиските припадници на обезбедувањето им пристапија на навивачите што го истакнаа знамето, по што дојде до физичка пресметка.

На снимките објавени на социјалните мрежи може да се види како припадници на обезбедувањето се справуваат со навивачите на турскиот клуб.

Според медиумите, при интервенцијата е употребена и физичка сила, што предизвика бурни реакции кај останатите гледачи.

Неколку навивачи на Бешикташ се обидоа да им помогнат на своите сонародници, приближувајќи се до местото на судирот и извлекувајќи поединци кои беа нападнати од обезбедувањето.

Еден навивач заврши на носилки и е изнесен од трибините, а наводно е употребен и солзавец.

Натпреварот потоа е прекинат во 28-мата минута поради револтираните навивачи на турскиот клуб.

Полицијата повторно влезе на трибините, столчиња завршија на теренот, а коментаторот наведе дека повторно е фрлен солзавец.

Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица или апсења, ниту пак е познато дали УЕФА ќе покрене постапка во врска со овој инцидент.

Интересно е да се напомене дека фудбалерите на Бешикташ не се ракуваа со играчите на израелскиот клуб пред почетокот на натпреварот.

Слични вести