Град Скопје блокираше околу 15.500 сметки на физички и правни лица поради неплатени обврски за данок на имот од 2022 година, изјави вечерва во гостување на тв 21 скопскиот градоначалник – Орце Ѓорѓиевски.
Тој вели дека во најголем дел станува збор за должници кои со години не ги подмирувале обврските кон главниот град.
Ѓорѓиевски нагласи дека е потребна поголема финансиска дисциплина и одговорност од граѓаните.
Градоначалникот посочи дека граѓаните имаат право да бараат подобри услови и нови проекти од градската власт, но истовремено треба да ги исполнуваат и своите обврски кон институциите.
„Не е доволно само на градоначалникот да му пишете или да побарате овој булевар треба да се направи, оваа улица треба да се направи, треба ново училиште. Сè е тоа легитимно да се бара, но ние за сето тоа да го овозможиме, треба најпрво да бидеме дисциплинирани и да ги подмируваме обврските“, порача тој.