Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

by Fokus

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 48 мерни места во главниот град.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 8 до 12 февруари 2021 година се земени вкупно 192 примероци за анализа.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Поврзани новости