Казнети 178 возачи во Скопје, 39 за брзо возење, 11 за поминување на црвено

by Fokus

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 178 мерки, од кои 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), осум за возење без возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека изречени се три мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас, две мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.

Поврзани новости