Водата во село Дурачка Река не е исправна за пиење

by fokus 18:11
18:11

Водата од локалниот водовод во село Дурачка Река, кај населбата до училиштето, не е безбедна за пиење и користење, се наведува во извештајот анализа на вода на Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Крива Паланкаизготвен од Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје – Куманово.

-Според извештајот водата од земените мостри на 30 јануари 2020 година  од  водоводот во село Дурачка Река, населба кај школо, во однос на физичко-хемиската анализа не одговара на законските прописи за здравствена безбедност на вода, односно таа не е безбедна за пиење и користење поради зголемена матност. За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција  и кондиционирање на водата од надлежен орган. Од тие причини се известува месното население што го користи овој водовод дека  е забрането понатамошно користење на водата се до нормализирање на квалитетот на истата, посочуваат од службата за информирање при локалната самоуправа на Општина Крива Паланка.

- Advertising -

Оттаму известија и дека режискиот одбор и Месната заедница на село Дурачка Река треба час поскоро да стапат  во  контакт со Јавното комунално претпријатие Комуналец за справување со состојбата и подобрување на квалитетот на водата од наведениот водовод.

Поврзани новости