465
Водата која се дистрибуира преку системот за водоснабдување во Берово е безбедна за пиење, според сите параметри и во согласност со Правилникот за безбедност на вода за пиење, соопшти Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга” од Берово во врска со, како што велат, лажните вести кои деновиве се шират на социјалните мрежи за наводното присуство на честички од ураниум кои наводно се пронајдени во примероци од вода од неколку чешми во близина на Беровско езеро.
-Во врска со неодамнешниот напис кој излезе на социјалните мрежи, за наводното присуство на честички од ураниум во примероци на вода од село Ратево, Преведена, чешма од Беровско Езеро и дел од Скопје и вашата загриженост по тој повод, ЈПКР „Услуга” Берово, како најголем снабдувач со вода за пиење на територијата на Општина Берово во сорботка со Општина Берово, иако деректно не е посочена, ги известува граѓаните дека водата која ја дистрибуира преку системот за водоснабдување е безбедна за пиење, според сите параметри, во согласност со Правилникот за безбедност на вода за пиење, се вели во соопштението на ЈПКР “Услуга” од Берово.
Додаваат дека согласно редовните контроли ова е потврдено од анализите на релевантни институции, Институтот за јавно здравје – Скопје и Центарот за јавно здравје од Кочани. За произнесените лажни информации на социјалните мрежи, покрената е постапка за изнесување за лажни информации пред надлежни органи.