Почитувана. Бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму Вие сте нашата прва дама на Републиката!. Ова е објавено на социјалната мрежа Инстаграм од лице со име Јусуфи Акиф кое се совпаѓа со прекарот на првиот од помилуваните на списокот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова Акиф Равманоски кој е член и неформален водач на нарко групата „Барон“.
Давкова во прва изјава за медиумите по помилувањата кажа дека имало интересни ликови на списокот во негативна смисла, но дека таа не ги знаела и дека го почитувала мислењето на Комисијата за помилување.
-Прашањето е кој и нарачал на Силјановска слепо да потпишува помилувања на луѓе кои не смеат да припарат на улица, а камо ли да бидат помилувани? Дали е тоа Мицкоски бидејќи таа него му должи се. Дали е тоа Филков, пуленот на Димитриески кој е само извршител на позицијата министер за правда? Јавно ја прашуваме Силјановска, дали се срами што помилуваните нарко босови јавно и се заблагодаруваат на социјалните мрежи за помилувањето за кое наводно ништо не знаела? Ова што денес им го приредија Мицкоски и Силјановска на граѓаните не е ништо друго туку потценува интелигенцијата и тешка навреда за нив и за сите кои ја поддржаа Силјановска која ветуваше правда и правна држава, праша опозицијата.
Инаку Акиф е водач на групата „Барон“ именувана по кафуле во Чаир за која почна да се зборува по двојното убиство во „Шиша бар“.
Ф.Ф.С.