Церемонија на пречек со највисоки државни почести на владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на плоштадот „Александар Невски” во Софија.
Во состав на владината делегација предводена од Ковачевски, се и првиот заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерите за економски прашања и координација на економските ресорси и за политики за добро владеење, Фатмир Битиќи и Славица Грковска, шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за образование и наука Јетон Шаќири, за локална самоуправа Горан Милевски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за транспорт и врски Благој Бочварски, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.