(ДЕФОКУС) Неделата во стихови: Да ни беа политичарите поети…

Извадок од рубриката Неделата во стихови, објавена во новиот број на неделникот Фокус

by fokus

Да беа нашите политичари поети, сигурно ќе даваа понекогаш изјави во стихови со рими. Но, бидејќи сепак тие не се поети, ни останува само да замислиме како би ги објасниле пред јавноста своите (не)дела во периодот од изминатата недела.

*Во секоја од строфите има линкови за сериозната вест од која се инспирирани стиховите.

 

Бојан МАРИЧИЌ немач на право
Бев министерот кој го чуваше правото, но сега и јас и вие немаме права,
да збориме за Македонците во Бугарија, оти Софија вето може да става!
Јас сум вицепремиер за евроинтеграции, неќам во мојот ресор блокада,
ради вакви изјави губам рејтинг, но тоа е, за датумот мора да се страда!

 

Христијан МИЦКОСКИ човек со понуди
До премиерот кој е чувар на Заевизмот, имам понуда која не се одбива:
брзи избори на кои со неговата диплома опозиција нема да се подбива!
Ќе му го признаеме и Харвард, иако знаеме дека студирал во Црна Гора,
на ДОМ, ЛДП и ДС им нудам една изборна единица, така е кога се мора!

 

Никола ДИМИТРОВ критички настроен
Е па значи многу ми е мака што Таче не ме зеде во неговата влада, леле!
А патем тимот кој ќе ги води преговорите со Бугарија, сомнителен цел е!
За да ме замолчат ми нудеа амбасадорско место, но јас принципи имам,
а бе какви матни работи се правеа, би можел еден цел филм да снимам!

 

Целата рубрика, каде со „нивни“ стихови се застапени уште и Стево Пендаровски, Васко Ковачевски, Димитар Апасиев и Димитар Ковачевски е објавена во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости