175
Денеска до 09:00 часот, на територијата на Македонија има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни 1, под контрола нема, а изгаснати се 21 пожар, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Активниот пожар се наоѓа во општина Македонски Брод: Национален Парк Јасен (мешана шума)
Изгаснати биле 21 пожар и тоа во Општина Тетово: с. Озормиште и с. Тежето (ниска вегетација), Општина Струмица: с. Смолари (ниска вегетација), Општина Новаци: во близина на РЕК Битола (ниска вегетација), Општина Велес: с. Отовица (ниска вегетација), Општина Гостивар: кај фирма Мизраше (ниска вегетација), Општина Карбинци: с. Крупиште (ниска вегетација), Општина Битола: с. Братиндол (ниска вегетација), Општина Прилеп: Касарна Прилеп (ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Дебреште (ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Лопатица (ниска вегетација), Општина Куманово: до патарината КУ-СК (ниска вегетација), Општина Тетово: с. Слатино (ниска вегетација), Општина Јегуновце: с. Шемшово (ниска вегетација), Општина Гостивар: с. Симница (запалено ѓубре), Општина Тетово: кај железничка станица (запалено ѓубре), Општина Сарај: с. Радуша (ниска вегетација), Општина Ранковце: (ниска вегетација), Општина Кичево: с. Црвивци (ниска вегетација), Општина Валандово: Валандово (ниска вегетација и плантажа), Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација) и во Општина Студеничани: с. Малчиште (нискостеблеста вегетација).