Во западна Русија 16 луѓе починале по труење со јаболкова ракија

by Fokus

Најмалку 16 лица починаа од труење со јаболкова ракија (сурогат јаболковина) во областа Улјановск, во западна Русија, соопшти денеска регионалниот гувернер Алексеј Руских.

Според неговите зборови, симптоми на труење имале 35 лица, од кои 16 починале, а останатите добиваат лекарска помош, пренесува Известија.

Руских изјавил дека биле отруени од пијалокот „Мистер сидер“, кој се произведувал во Самарскиот регион. Тој рече и дека во тек е заплената на тој производ.

Приведен е претприемач од областа Самара, осомничен дека ги снабдувал жителите со јаболкова ракија, што довела до труење.

Според локалните медиуми, јаболковата ракија содржела смртоносни количини на метанол, кој е многу поотровен од етанолот кој се наоѓа во обичните алкохолни пијалоци.

Поврзани новости