Во вториот круг право на глас имаат 833.716 гласачи

by fokus 10:21
10:21

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) во вториот круг од локалните избори право на глас имаат вкупно 833.716 гласачи, кои своето избирачко право ќе можат да го остварат на 1.517 избирачки места, во 35 општини.

Денеска гласаат болните, изнемоштените, раселените и затворениците, а останатите граѓани своето избирачко право ќе го остварат утре.

- Advertisements -

Поврзани новости