Туфегџиќ: Измените предвидуваат да се пуши исклучиво надвор од објектот

by fokus

Во интервју за „360 Степени“, пратеничката Ивана Туфегџиќ зборува за измените на Законот за заштита од пушење кои се во процедура, предложени од пратеници од владејачкото мнозинство.

-Предложениот закон е од јули, предложен од група пратеници. Во измените не се предвидува ништо ново и специјално, освен регулацијата околу терасите коишто во моментов во постоечкото законско решение се третираат како затворен простор доколку ставите церада или пластична преграда, или било што. Во овој закон ние велиме – пушењето е дозволено исклучиво надвор од објектот, без разлика дали ќе ставите пластична преграда или ќе ставите фолија. Нема да се избрзува околу законските измени, ќе има и јавна дебата на која ќе се чујат сите засегнати страни. Здравјето на граѓаните ќе ни биде приоритет – вели Туфегџиќ.

Поврзани новости