Во време на Тодоров бил утврден износот од 480 милиони евра за нов Клинички центар 

by fokus

Износот од 480 милиони евра за изградба на новиот Клинички центар потекнува од физибилити студија изработена во време кога министер за здравство беше Никола Тодоров, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Станува збор, додаде тој, за физибилити студија изработена со државни пари во 2014 година. Со оваа сума, рече тој, е предвидена изградбата на комплексот, набавка на нова опрема и третинг за лекарите како да ја користат опремата, меѓу другото.

Заев рече дека локацијата за новиот Клинички центар е веќе утврдена. Тој ќе се наоѓа на влезот во Скопје, од страна на Тетово. Премиерот очекува изградбата да почне оваа година.

-Ќе биде лесно достапен за сите граѓани поради обиколницата и ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос. Како дополнителни дејности се разгледува можноста и за изградба на студентски домови и школи за медицински сестри, во рамки на комплексот – рече тој.

Поврзани новости