Јавното обвинителството изврши увид на местото на сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино-Кавадарци во која едно лице почина, а тројца се повредени.
Според информациите од Обвинителството, возилото марка „Опел корса“ со скопски регистерски таблици излетало од патот околу 13.50 часот, а во него се превезувале четири лица, членови на едно семејство.
Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите еден од нив е упатен на лекување во Скопје.
Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
Се преврте возило на автопатот Неготино – Демир Кпија- едно лице загина, три се повредени