Во Владата нема заболени од корона вирус

by Frosina Fakova

Во Владата нема ниту еден член кој е во било која група на индикација за тестирање од ковид 19, рече министерот за здравствот, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали меѓу политчарите и функционерите има некој заболен или се наоѓа во изолација поради корона вирус.

Тој вели дека меѓу именуваните и избраните не може да каже дали има некој позитивен или изолација бидејќи се работи за голема бројка, но кажа дека во Владата нема заразени од корона.

На прашањето дали се планира да се воведе карантин во цела држава на 14 дена, Филипче вели дека засега таа мерка не се планира и според досегашните анализи остануваат на мислењето, дека овие мерки засега се доволни. Сепак напомена дека доколку се влоши состојбата и бројката стане загрижувачка, секако дека ќе се преземат поригорозни мерки.

Поврзани новости