Во Владата ќе се случи „eкcплозија“, бидејќи нема да добиеме датум во декември, смета Тараври

by Fokus

Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во дебатната емисија на на ТВ Шења вели дека во Владата ќе се случи експлозија, откако најверојатно нема да биде добиен датум за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ ниту на 15 декември 2021 година.

Тој не верува дека Македонија ќе добие датум за преговори на 15 декември, но некому му е потребен изговор за она што е продадено, или купено, или кое е самоизолирано, или засолнето.

„Има многу незадоволство во Владата. Ќе помине 15 декември, 99 проценти нема да се добие датум и ќе ја видите експлозијата во Владата“, смета Таравари.

Поврзани новости