Во Валандово за кандидат за градоначалник од СДСМ е Перо Костадинов, за Демир Капија Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски

by Fokus

Политичките партии финишираат со листите за кандидатите со кои ќе влезат во трката за градоначалници на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.

Во владејачката партија познати се имињата на повеќето кандидати, кои ќе се борат да ја заземат градоначалничката фотеља.

Во Валандово за кандидат за градоначалник е предложен Перо Костадинов, за Демир Капија Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски, во Македонска Каменица Соња Стаменкова, во Пласница Шресим Ајроски, во Ресен во трката влегува Живко Гошаревски, во Сопиште Далибор Богдановски, за Старо Нагоричане СДСМ предлага уште една жена кандидат Жаклина Јовановска, за Чашка Горан Стојановски.

Поврзани новости