Хорор вести од Јужна Америка. Поранешниот фудбалски репрезентативец на Аргентина, Езекиел Лавеци е избоден со нож во Уругвај, по што итно бил пренесен во болница.
Како што пренесува „RMC“, поранешниот ас на Наполи и Пари Сен Жермен се здобил со тешки повреди во пределот на стомакот.
Проблемот настанал по кратка вербална расправија, а покрај отворените рани, Лавеци се здобил и со скршеница на клучната коска.
Според информациите на „Ел опсервадор“, Лавеци бил нападнат и повреден од роднина на забава по кратка расправија за пари.
Се се случило во пет часот наутро, а Лавеци во полиција го донела девојка.
Лавеци ја заврши својата играчка кариера во 2019 година во Хебеи, Кина. Пред тоа играше за Естудијантес, Наполи и Пари Сен Жермен.
За аргентинската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна 9 гола.