Во Украина загинаа 14 новинари досега

by Fokus

Животот во Киев полека се враќа во нормала иако во градот работат само продавници за основните намирници, вели новинарката Кристина Атовска, којашто моментално е во Украина. Во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“, на Алсат ТВ говореше за состојбите во Киев.

„Во Киев животот полека се враќа во нормала, колку што може да се врати. Работат само супермаркети. Некои луѓе веќе почнаа да се враќаат назад и работат единствено улични кафетерии или улична храна. Тоа значи дека не постои место во градот каде што можете да влезете и да седнете. Ако не сте сместени во хотел, не можете да влезете ниту во хотел и да седнете во ресторанот…загинаа многу наши колеги, досега се 14 на број“, вели Атовска.

Поврзани новости