597
Казнети се 49 возачи во Тетово за управување возило со брзина поголема од пропишаната, информира Министерството за внатрешни работи. Санкциите се изречени во текот на денешната засилена акциска контола.
Од казнетите, 43 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и шест во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат ди сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат за побезбедни патишта.