Во тешка сообраќајка во Охрид еден починал, а тројца се повредени, меѓу кои и 13-годишно дете

by Fokus

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Ресен еден починал, а тројца се повредени меѓу кои и 13-годишно дете.

Според полицијата, вчера во 02,30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај с.Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од С.М.(21) од с.Оровник-општина Дебарца и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од Т.К.(63) од с.Лескоец-охридско. Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило – М.М.(38) и едно 13 годишно дете.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости