Убиство во Скопје: Го нападнала со стап, тој ја прободел со нож во стомакот

by Fokus

Скопјанец ја убил својата роднина од Тетово, откако таа претходно го нападнала, информираа од МВР.

Според полицијата, на 20.01.2018 година во 22,50 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходна таа  го нападнала со стап. Во 23,13 часот, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица.

Извршен е увид од страна на  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости