Во Теарце давале и по 100 евра за глас

by fokus

 

Oдредени политички партии нуделе поткуп на избирачите за да не излезат на прегласувањето кое ќе се одржи во недела, изјавија од граѓанската организација „Цивил“ на денешната прес-конференција во Теарце.

– За ова тврдење имаме и сведоштва, прибавуваме и докази за ваквите дејствија од одредени политички партии. Дознаваме дека апстинирањето од гласањето во недела чини од 3.000 до 6.000 денари за глас – изјави првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала.

Тој нагласи дека никој нема право на граѓаните да им го одземе правото на глас и секој обид да се спроведе некоја незаконска активност од типот на поткуп на гласачи е казниво со закон.

– Ние од теренот имаме сознанија дека во тек се активности за поткуп на гласачи. Постои обид да се намали излезноста на гласачите на прегласувањето во Теарце – посочи Дерила.

Цената на гласот е поголема овојпат од претходните дојави од граѓанските организации кои алармираа дека гласачите за 11-ти декември се поткупуваа и со илјада денари.

Гласањето овојпат е важно затоа што во Теарце, на денот на изборите ВМРО-ДПМНЕ освоила победа со само четири гласа пред СДСМ. На ниво на шеста изборна единица пак, разликата меѓу двете партии е 307 гласа. Прегласувањето во ова тетовско тело може да со смени изборниот реултат, па од 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ, да биде нерешено, односно 50:50.

Поврзани новости