Средоземното Море стана масовна гробница

by fokus

2016-та беше најкобна година досега, за бегалците кои се обидоа преку Медитеранот да стигнат во Европа. Во борбата за живот напуштајќи ги воените жаришта во Сирија и Либија, над 5 илјади бегалци се удавиле во Средоземното море.

Бројот на загинати лица, кои во најголем дел се деца и жени, порасна по двете бродски несреќи што се случија вчера во Италија и Ливија, соопштија Меѓународната организација за миграција и УНХЦР.

Портпаролот на УНХЦР, Вилијам Спиндлер, изјави дека ова е досега најголем број на настадани.

Инаку, бројот на бегалци и мигранти кои минуваат низ Средоземното Море лани надмина над еден милион, а само годинава во Европа стигнале 327 800 бегалци.

Поврзани новости