Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 318,967 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 13. 684, а оздравеле 96.006 лица.
-Бројот на умрени од коорнавирусот во Холандија денеска се зголеми за 43, на 179, а жртвите се на возраст од 57 до 97 години, соопштија здравствените власти. Бројката на потврдени случаи во земјата се зголеми за 573, на 4.204, што е раст за 16 отсто
-Во Австрија попладнево бројката на лица заразени со коронавирус нарасна на 3.244, соопшти Министерството за здравство.
-Во Швајцарија во последните 24 часа се регистрирани 900 нови случаи на коронавирус,со што вкупниот број на заразени достигна 7.014, соопшти денеска Министерството за здравство. Досега во земјата се регистрирани и најмалку 60 смртни случаи.
-Српскиот епидемиолог Предраг Кон соопшти дека во земјата во моментов има 187 заразени лица , а од нив 97 се хоспитализирани, а 14 се ставени на респиратори. Досега две лица во земјата умреа од Ковид-19.
-Чешка планира да ги држи затворени своите граници „многу месеци“, изјави денеска за телевизијата „Прима“ Роман Примула, шеф на националниот кризен штаб за борба со епидемијата . На странците ќе им биде дозволено да ја напуштат земјата, но потоа нема да можат да се вратат, изјави Примула.
-Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи соопшти дека од среда ги прекинува сите патнички летови поради коронавирусот, бидејќи неколку земји од Блискиот Исток ги заострија ограничувањата за движење.
-Палестинскиот премиер Мухамед Штајех нареди затворање на целиот Западен брег, што ќе почне од вечерва како превенција од ширењето на коронавирусот во оваа палестинска територија.