425
Во денешните судири со мигрантите на каменот 59 на јужната граница се повредени 15 полицајци, од кои петмина се со сериозни повреди, информираа од Министерството за внатрешни реаботи.
Од полицијата соопштија дека нападите биле повремени, а мигрантите кои што се обидувале нелагално да ја поминат границата фрлале со камења и тврди предмети кон полицијата.
Од друга страна пак, хуманитарната организација „Лекари без граници“ соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени и кај мигрантите и дека испратила дополнителни тимови да им помогнат на мигрантите во кампот за бегалци Идомени.
– Десетици луѓе беа повредени, главно претрпеа респираторни проблеми, а тројца однесовме во болница – соопшти претставникот на Лекари без граници, Ахил Цемос.