Во судир меѓу трактор и автомобил, повредени се четворица меѓу кои и 6-годишно дете

by Fokus

Четворица се повредени во сообраќајка меѓу автомобил и трактор, повредени се четворица меѓу кои и шестгодишно дете, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена во 20.40 часот на магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано “Голем брег“ атар на селоТркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки управувано од И.М.(36) од Кочани во кое како сопатник било 6 годишно дете и трактор „Масеј Фергусон“ исто така со кочански регистарски ознаки управуван од О.С.(35) со сопатничка Б.Ц.(57), двајцата од село Тркање, кочанско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С. додека со телесни повреди се здобиле О.С., И.М. и шестгодишното дете. На повредените им била укажана лекарска помош во Здравствен  дом  Кочани.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости