Пукано од две возила во движење во Скопје, мета било трето возило

by Fokus

На крстосницата на ул. „Софиска“ со ул. „Московска“ во Скопје, синоќа околу 22:45 часот од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“.

Како што е наведено во полицискиот билтен, на местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури калибар 9 милиметри.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости