Во среда ќе протестираат и студентите во Прилеп

by Фокус 20:33
20:33

Како поддршка на студентскиот марш, кој ќе се одржи во среда, во Скопје, прилепскиот Студентски пленум ќе организира собир на студентите, средношколците и на сите други заинтересирани граѓани од Прилеп.

Тоа е главниот заклучок кој произлезе од денешниот втор Студентски пленум на прилепските студенти и средношколци.

– Студентите и средношколците од Прилеп им даваат безрезервна поддршка на своите колеги од другите градови. Во таа насока уште еднаш потенцираме дека сме против воведувањето на екстерното тестирање, односно на државниот испит. Разговаравме и за изнаоѓање други форми на дејствување во следниот период – велат претставници на Пленумот.

- Advertising -

Собирот во Прилеп ќе се одржи на Камената бина во Прилеп, со почеток во 12 часот.

 

Поврзани новости