Заев: Не се пазариме со доказите

by Фокус 18:57
18:57

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Слободен печат“, најави дека има докази за уставни прекршување на повеќе уставни загарантирани права на граѓаните од страна на власта.

Заев без да прецизира конкретно какви се докази содржи т.н бомба, вели дека опозицијата ќе докаже дека власта предводена од Никола Груевски континуирано го оневозможувала правото на граѓаните на демократски избори, како и правото на слободно информирање и изразување, и правото на приватност и заштита на приватноста.

- Advertisements -

Во овој контекст Заев најавува дека управата за прислушување мора да биде предмет на истрага.

– Една од целите што мораме  да ги постигнеме е да создадеме општествен амбиент и  безбедносен систем, во кој ќе нема простор за доминација на политичката полиција, а УБК, посебно нејзината „петта управа“, задолжена за прислушкување ќе биде предмет на сериозна истрага, вели Заев во интервјуто.

Заев во интервјуто тврди и дека не се пазари со доказите со власта и најавува дека кога ќе бил вистински момент ќе ги објавеле аргументите. Заев „бомбата“ ја најави пред речиси два месеци, а оттогаш во јавноста се шпекулираше дека се работи за  прислушување новинари, како и дека наводно има одредени докази поврзани со масакрот кај Смиљковско Езеро, но и за поврзаност на изборен фалсификат.

 

Поврзани новости