Во Србија за силувачите доживотен затвор со измените на Кривичниот законик

by Fokus

Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор.

Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот.

Маја Поповиќ – министерска за правда на Србија / фото: принтскрин

„Предложено е за сите форми на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и доживотен затвор. Кога станува збор за кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата, се предлага тој што ќе се утврди дека го сторил ова дело да се казни со затворска казна од шест месеци до пет години“, рече Поповиќ.

Поврзани новости