172
МВР информира дека доцна синоќа во 23.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „11 Октомври“ со ул. „Филип Втори Македонски“ и ул. „Даме Груев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Х.(71) од Скопје и мотоцикл управуван од О.Б.(25) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.