Во Собранието на РМ ќе биде отворена женска соба по примерот на Шведскиот парламент

by Fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери на одбележувањето на 15 години од основањето на Клубот на пратеничките во Парламентот рече дека ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и работните тела.

Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, која како поранешна пратеничkа е една од основачките на Клубот, кажа дека уште многу треба да се работи на унапредување на правата на жените.

– Нам не ни требаат парфеми и подароци за 8 Mарт, туку придонес и поддршка – истакна Иванова.

На настанот присуствуваат и пратеничките од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, невладиниот сектор, дипломатскиот кор и други.

МИА

Поврзани новости