Во собранието ќе се оддржи втор дијалог меѓу политичките партии од процесот „Жан Моне“

by Фокус

Во Собранието денеска продолжува вториот дијалог „Жан Моне“ што се води меѓу политичките страни од земјава под покровителство на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Пред отворањето на дијалогот, собранискиот спикер Талат Џафери вчера одржа средба со европратениците, кои, како што информираа од парламентот, за исходот од денешната средба ќе информираат на заедничка прес-конференција.

Инаку, првата средба од овој процес наречен „Жан Моне“ се оддржа во Охрид минатата година, кога се сретнаа претставниците на парламентарните партии во време кога, меѓу другото, се изнаоѓаше решение за името.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев деновиве најави и можна лидерска средба со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски следната недела во врска со СЈО, пописот и други теми за кои е потребен политички договор и консензус.

Притоа, се чини дека најспецифично е прашањето за СЈО за кое треба да се најде решение до есен, кога се очекува земјава да добие датум за преговори со ЕУ, со оглед дека власта и опозицијата не можат да се договорат во однос на преземените активности на СЈО по истекот на периодот од 18 месеци од формирањето на обвинителството.

Поврзани новости