Во следните три месеци нема да се плаќаат рати за кредити и нема да работат извршителите

by Фокус

Следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21.

-Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година, почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители – истакна Заев.
Тој посочи дека 43.000 вработени во угостителството и трговијата се првично зафатени со кризата.
-Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други. Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството – рече Заев.

Поврзани новости