До крајот на денов, времето во нашата држава ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови има помали услови за локален краткотраен дожд.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени. Во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на релативно влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе условува почести врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму.
Во претпладневните часови пак ќе има и сончеви периоди а ќе дува и умерен, особено долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат малку пониски од вообичаените, односно ќе биде посвежо од нормалното за овој дел од годината, особено во вторник и во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.
Не се исклучува можноста поради релативно ниските температури и северниот ветер на највисоките планински врвови за провејување на сосема слаб снег, особено утре и во среда кога ќе биде и најсвежо.