Австрискиот претседател се извини откако бил забележан во ресторан во недозволено време

by Fokus

Претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен се извини денеска откако полицијата го забележа во ресторан во време кога истиот не смеело да биде отворен.

Тој бил пронајден со сопругата синоќа после полноќ, а ресторанот не смеел да работи после 23 часот, пренесуваат медиумите од оваа држава.

Поради ваквата ситуација, претседателот на Австрија изрази жалење за таа постапка, пренесе агенцијата АПА.

Поврзани новости